×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жители на Липково и велешанец криумчареле мигранти

    10.11.2014 09:24 | KumanovoNews

    Жители на селата Ваксинце и Лојане, и еден велешанец криумчареле мигранти.

    Жители на Липково и велешанец криумчареле мигранти

    Х.А.(29) од Ваксинце, А.Д.(21) од Лојане и Е.Н.(34) од Велес, на почетокот на месецов на регионалниот пат Валандово - Богданци, кај селото Паљурци презеле 20 мигранти. Ги качиле во камион и тргнале кон Куманово. При полициска контрола кај клучката на влезот на Радовиш, возачот на камионот не застанал, туку продолжил по земјен пат кон Штип, по што избегал од камионот. Полицајците го стигнале и го привеле. Х.А. и А.Д. исто така се приведени од полицијата.

    Против пријавените се поднесени кривични пријави за криумчарење мигранти.