×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жители на населбата „Карпош“ си ја бараат улицата што им ја приватизирале пред 6 години

    01.07.2020 13:34 | KumanovoNews

     Околу дваесетина жители од неколку улици во населбата „Карпош“ во Куманово, попладнево протестираа пред Општината и побараа да им се реши проблемот за непречено движење, откако нивната улица била приватизирана па останале без излез на главната улица 170.

    Жители на населбата „Карпош“ си ја бараат улицата што им ја приватизирале пред 6 години

    Овој проблем, како што објаснуваат жителите од улиците 172, 173, 174, 175, 176 и 180, настанале откако била извршена денационализација на имотот, а кулминирал откако сопственикот почнал да поставува пречки и не недозволувал да се движат по него.

    Станува збор за проблем кој трае повеќе од една деценија, поради кој граѓаните до своите домови не можат непречено да дојдат добијат ниту услуга од интервентите служби, бидејќи улицата е значително стеснета.

    „Сегашните газди со приватизација си го имаат повратено имотот и ние остануваме фактички без излез на улица. Не можеме да излеземе на главната улица, излегуваме низ приватен имот. Од инает сопственикот става трупец и постојано го поместува напред и таа улица е сега стеснета, не може да влезе ни Брза помош ни Пожарна. Бараме Општината да ни го реши проблемот, бидејќи ние плацевите ги имаме купено преку Општина, ние не сакаме да имаме приватни проблеми со овие луѓе“, вели Веле Крстевски, жител од спорната улица 180 во наслебата „Карпош“ во Куманово.

    Христина Колев, жителка од улицата 174, вели дека тие повеќепати барале од локалната самоуправа да им го реши проблемот, и иако им било ветено се` уште нема изготвено никаков план.

    „ Рекоа дека ќе изнајдат решение, дека ќе се види чиј плац ќе се откупи, ќе се асфалтира и дека тоа ќе се реши во најкраток можен рок. Помина декември, нова година, еве сега сме 1 јули, ништо. Сега има избори и исто ќе ни кажат, стрпете се по изброрите ќе биде, ние сакаме конкретно написмено со датум. И не само да кажат, туку да излезат машините и да го решат проблемот“, вели Колева.

    Градоначалникот Максим Димитриевски вели дека е запознаен со овој проблем и од последната средба со претставниците презема обврски за негово решавање, но експропријацијата на земјиштет е поприлично скапа и мора да се внесе во годишниот буџет на Општината.

    „ За жал пред повеќе од 6 години, земјиштето кое било во државна сопственост е вратено со денационализација на друго лице. Општината направи проценка за експропријација којашто е поприлично скапа, истата треба да се вклопи во годишниот буџет на Општината и дополнително се изработува проект, тоа што ковидкризата нѐ спречи сите да функционираме во рамките на можностите и дополнително ги влоши финансиските состојби во Општината, не беше предвидено. Јас ќе апелирам само до граѓаните да не бидат предмет на политички поткосурувања и политичка манипулација, го знам проблемот, сум разговарал со нив, многупати ме посетиле“, додава тој.

    На спорните улици во населбата „Карпош“ живеат околу 50-тина семејства, а како што велат дел од граѓаните коишто попладнево беа на протестот, стравуваат дека и оваа година нема да им биде решен проблемот.

        (Ф.Марковска)