Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Заврши изградбата на новата водоводна мрежа на улицата „Киро Фетак“. Приклучување на објектите на новоизградената водоводна мрежа и замена на постоечките водомери со нови ќе започне од вторник.
„Сите сопственици на објекти на улица „Киро Фетак“ кои се приклучени на старата водоводна мрежа задолжително да ги исчистат своите водомерни шахти за да овозможат на екипите на ЈП „Водовод“, Куманово непречено да извршат префрлување на новоизградената водоводна мрежа.
Корисниците на кои во претходниот период им е укажано да изведат нова водомерна шахта 1 метар од ивица на парцела, или шахтата да ја изведат (прошират) согласно препораките од службено лице од ЈП „Водовод“ Куманово, а не постапиле по овие препораки, нема да бидат приклучени на новоизградената водоводна мрежа.
Деловите за во водомерна шахта ги обезбедува сопственикот на објектот кој се приклучува на водоводна мрежа по претходна консултација со службено лице од ЈП „Водовод“ Куманово“, соопштуваат од ЈП Водовод.
Жителите од оваа улица во септември 2019 година протестираа пред зградата на Општина Куманово, со тврдење дека поради старата водоводна мрежа имаат секојдневни проблеми со водоснабувањето и не можат нормално да функционираат.
Старата азбестна водоводна мрежа е изградена во 1968 година и етапно се менуваше, се до изработка на новиот проект и обезбедување на средства за целосна замена.
Улицата „Киро Фетак“ е во продолжение на м.в. „Орта бунар“ во должина од околу 300 метри, и има околу 500 куќи.
Во времето кога протестираа, жителите беа посочени како неплаќачи на сметките на вода и на „Водовод“ му должеа 2,8 милиони денари.