×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жителите на „Октомвриска“ на анкета ќе се изјаснат дали сакаат платен паркинг пред зградите

    20.04.2022 11:50 | Сузана Николиќ

    ЈП „Куманово-паркинг“ спроведува анкета со цел да го испита мислење на граѓаните за воведување на втора паркинг зона на булеварот „Октомвриска револуција“ од локацијата „Водовод“ до „Стокомак“.

    Жителите на „Октомвриска“ на анкета ќе се изјаснат дали сакаат платен паркинг пред зградите

    Ова денеска го кажа в.д. директорот Сашо Петрушевски, одговарајќи на советничко прашање на Александра Лазаревска од СДСМ, за проширувањето на зоната во овој дел на градот.   

    „Во завршна фаза е изработка на проектот за Б зоната, која ќе се протега од локалитетот „Водовод“ на булеварот „Октомвриска револуција“, каде што се планираат околу 200 паркинг места. Во тек е анкета со граѓаните, за да видиме дали тие имаат желба и можност, за да го реализираме со нивна согласност. Тоа е само еден дел од проектот, следниот е на околу „Стокомак“, во делот каде што се јавуваат проблеми околу паркинг просторот и се создава сообраќен хаос во тој дел на градот“, одговори Петрушевски.

    Тој не прецизираше за каква анкета се работи, телефонска или теренска, и кој ја спроведува.

    „Куманово-паркинг“ со години наназад најавува воведување на втората паркинг зона, во поширокото градско подрачје, на улицата „11 Октомври“, од Општината кон Болницата, улицата „11 Ноември“, на паркингот кај спортската сала, но никако да ја реализира. 

    Во Куманово има 500 паркинг места и над 25. 000 автомобили.