×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жителите на Речица на протест, бараат да запре закопувањето на угинатите свињи од африканска чума на Аџитепе

    06.01.2024 22:35 | Сузана Николиќ

    Жителите на кумановското село Речица веќе неколку дена протестираат против одлуката на надлежните институции угинатите свињи од африканска чума да се закопуваат во близина на нивното село, поточно на земјиште до спортскиот аеродром Аџитепе. 

    Жителите на Речица на протест, бараат да запре закопувањето на угинатите свињи од африканска чума на Аџитепе

    Тие бараат угинатиот добиток да се носи на депонијата Дрисла во Скопје или на локација која нема да го загрозува здравјето и животната средина на граѓаните на Куманово.

    „Ова не само наш проблем, ова е проблем на цело Куманово. Сите граѓани треба да излезат на протест и да го спречат оваа дивеење на поединци. Го усмрдеа целиот град не само селата. Не знаеме кој го донел ова решение ама тоа е надвор од здрав разум. Како можат да закопуваат угинат добиток во непосредна близина на првите куќи во населбата Долно Којнаре, веднаш оттука почнуваат нашите имот. Камионите со угинатата стока поминуваат низ нашите ниви, низ нашите патишта, од нив тече крв. Имаме слики, имаме снимки.  Срамота е ова што се прави. Каде се првите луѓе на општината и на државата да ги бранат нашите интереси“, велат револтираните жители, кои попладнево го блокираа патот кон Аџитепе и не дозволуваа да излезе колоната на возила и багери, кои се враќаа по извршенато закопување.

    Откако жителите не дозволите колоната да помине, 4 лица биле приведени.

    Тие кажуваат дека денеска нивниот број бил многу поголем, но повеќе заминале дома на Бадник. Најавија дека ќе продолжат со протестите додека не се повлече одлуката.

    Проблемот во селото Речица настана откако пред неколку дена на фарма во селото Тромеѓа е откриена свинска чума. 

    Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) велат дека тие немаат сознанија зошто се бунат жителите на кумановското село Речица, бидејќи, инспекциските служби на АХВ воопшто немаат активности таму, туку на локација во селото Режановце, која ја одредила општината.

    „Закопувањето на угинатите животни од афиканска чума кај свињите и депопулираните свињи од фармата во село Тромеѓа, каде неодамна од оваа болест, од 660 животни угинаа 60 свињи се врши на локација во село Режановце која за оваа намена е одредена од страна на локалната самоуправа“, соопшти вечерва АХВ.

    Општина Куманово нема стандардизирана депонија за угинати животни. Во услови на појава на болест како што е африканската чума кај свињите, локалната самоуправа ( општината) има законска обврска да обезбеди локација за јама, најблиску до жариштето, во која ќе бидат закопани еутаназираните животни кои до таму се носат под надзор на официјален ветеринар.

    Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на која било побарано сите надлежни органи да постапат во согласност со своите надлежности и овластувања, да се почитуваат сите мерки за спречување и сузбивање на ширење на болеста.

    „АХВ да ги превземе сите потребни заштитни мерки при транспорт од жариштето на болеста до утврдената локација за закоп на угинати свињи и да постапува согласно своите протоколи за работа при вршење на закопот. Општина Куманово, преку јавните претпријатија да пружи целосна логистичка поддршка во однос на обезбедување на механизација потребна за спроведување на постапките од страна на АХВ. Да се зајакне комуникацијата помеѓу државните институции АХВ и МВР – СВР Куманово, во однос на обезбедување на непречено одвивање на активностите. Локациите кои беа посочени од АХВ како соодветни за закоп на угинати и убиени животни согласно нивните важечки Правилници, а за кои Општина Куманово достави барање за мислење до надлежни институции и доби Позитивно мислење од Агенција за храна и ветеринарство, да се користат за закоп на угинати животни. МВР – СВР Куманово да пружи целосна асистенција при спроведување на активностите за закоп на угинати животни“, стои во препораките.