Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Педесетина жители на кумановската населба Средорек вчера протестираа пред подружницата на ЕВН и пред Општина Куманово, бидејќи им е исклучена електричната енергија, а според нив тоа е резултат на високите сметки кои не можат да ги платат.
Жителите ја обвинија компанијата дека не ги чита редовно струјомерите и поради тоа добиваат високи сметки за струја која не ја потрошиле. Дел од нив кажуваат дека месечните сметки им изнесуваат и по 30.000 денари.
Од ЕВН велат дека дел од корисниците од населбата Средорек имаат долг за електрична енергија, со што ги исполнуваат условите за исклучување согласно законската регулатива која важи низ целата држава.
„Овие корисници не ги платиле фактурите за потрошена електрична енергија и затоа се исклучени. По намирување на долгот, веднаш ќе бидат повторно приклучени“, наведуваат од ЕВН.