×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жителите на „Зелен рид“ цела ноќ без струја, дефектот пријавен дури утринава

    21.11.2023 15:52 | Оливера Пешевска

    Дефект на електричната мрежа ги остави 8 часа без струја жителите на населбата „Зелен рид“ во Куманово.  

    Жителите на „Зелен рид“ цела ноќ без струја, дефектот пријавен дури утринава

    Според жителите од тој дел на градот, струја снемало околу 23.30 часот,  а дошла  па утринава по 8 часот. 

    „Дефектот во „Зелен рид” не бил пријавен до раните утрински часови, а екипите на Електродистрибуција излегоа на терен во 7 часот и во најкраток рок го санираа истиот. Дефектот настанал поради испад во трафостаница“, велат од ЕВН.

    Во 8.20 часот дошло до нормализирање на снабдувањето со електрична енергија и во населбата „Гоце Делчев“.

    Бројни граѓани реагираа дека утринава домовите им биле ладни додека децата ги подготвувале за градинка или на училиште и дидека се спремале за работа.