×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Живот како пред сто години

    24.01.2011 10:15 | KumanovoNews

    Куќарките во кои живеат неколку семејства се од пред сто и повеќе години, градени од камен и плитари во одамна надминати услови за живеење.

    Живот како пред сто години

    За визуелно да се долови купчето од десеттина куќариња во дворот на гимназијата „Гоце Делчев„ во кои живеат луѓе, треба да се фотографира од птичја перспектива. Куќарките во кои живеат се од некои одамна минати времиња, градени од камен и плитари, правени според некогашните, одамна надминати услови за живеење. Нивните сопственици на времето биле типични претставници на мнозинската гратска сиромаштија, припадници на т.н. работничка класа на Куманово, секогаш понастрана од гратските политички елити од чија умешност и политичка волја се развивал градот. А тие, се знае, првин за своите сокачиња си гледале. Граѓаните како во случајот на овие во гимназискиот двор со децении залудно обиколувале канцеларии на институциите на системот, молеле и се надевале дека ќе им се обезбедат минимум пристојни услови за живее, немоќни за себе да издејствуваат било каква придобивка од општиот комунален раст и развој на градот. Во сите долги години и децении добивале само ветувања дека ќе им се изгради водовод или асфалт, ќе се вклопат во комуналната инфраструктура, ќе почнат да живеат поудобен и подостоинствен живот. Но...

    Не бараме многу. Замислењете, во 21 век живееме во центарот на Куманово без водовод и без канализација. Се служиме со вода од бунар и со полски нужници на септички јами. Вистински септички чир сме, жива рана во дворот на Гимназијата и на пошироката околина – се жали една млада жена со две мали деца.

    Имаат разбирање овдешните пет-шест семејства за проблемите на градот со многу вакви а можеби и бетер населби но сметаат дека е време најпосле локалната власт да се погрижи да добијат барем канализација. Тешко им е без вода и канализација во овие зимски месеци, а животот за време летните горештини навистина им е неснослив.

    Ги молиме телевизиите да снимаат во какви услови живееме, ни‘ ветуваат дека ќе дојдат, ама ги нема - се жали Јана,  која говори за маките нејзини и на нејзините соседи. 

    Другите не сакаат ниту да се сликаат, ниту да разговараат со новинари. Немало аир, велат. Како да изгубиле доверба во се‘ и секого.