×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Змиите се раздвижија, граѓаните да внимаваат

    11.06.2012 11:42 | KumanovoNews

     Инфектолозите предупредуваат дека во мај и јуни змиите се изложуваат на сонце и тогаш се најотровни. Тие порачуваат граѓаните да внимаваат каде се движат и да носат патики, наместо влечки со што би се заштитиле.

    Змиите се раздвижија, граѓаните да внимаваат

    Секое лето на инфективното одделение во Kумановската болница најмалку двајца доаѓаат каснати од змија. Обично тоа се земјоделци кои работејќи на нива имаат несаката средба со змии. Оваа година таков случај уште не е регистриран.

    Лекарите велат дека змиите имаат многу развиен слух и бегаат од луѓето, но сепак треба да се внимава и да се избегнува движење во паркови и на места каде има бујна вегетација.

    - Ако се случи да ги касне змија луѓето треба да ја превзат ногата и на секои десетина минути да ја отпуштаат. Најбрзо што можат треба да стигнат во болница каде ќе бидат хоспитализирани и ќе примат животински антисерум. Лани имаше каснат човек од село Габреш. Обично селаните кога косат трева, работат на полињата и имаат контакт со змии. Во центарот на градот опасност од змии нема. Евентуално змии може да се појават во приградските населби - вели Азиз Бајрами, шеф на инфективното одделение.

    Инфектолозите објаснуваат дека има доволно животински антисерум на одделението и дека подготвени ќе ја дочекаат летната сезона кога има наезда на змии.