×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Знам ги повика граѓаните да дадат потпис за поддршка на кандидатурата на Димитриевски (видео)

    23.02.2024 12:37 | Оливера Пешевска

    Кумановскиот огранок на партијата „Знам“ ги повика граѓаните да дадат поддршка на нивниот претседателски кандидат Максим Димитриевски, со тоа што ќе се потпишат за неговата кандидатура.   

    „Собирањето на потписите започнува денес, 23.02.2024 година во просториите на Државна изборна комисија (ДИК), на локација спроти градската џамија и ќе трае заклучно со 08.03.2024. Ние како движење имаме обврска да собереме минимум 10 илјади потписи на ниво на државата. Ве очекуваме сите заеднички да го започнеме процесот на градење на новата светла иднина на нашата татковина“, изјави Стефан Петковски, портпарол на „Знам“ Куманово.  

    Тој кажа дека Димитриевски е вистинската личност која достоинствено ќе го застапува нивното движење на изборите, а потоа ќе ја брани уставноста на Македонија од позиција на претседател на државата.

    На првиот Конгрес на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски беше избран за кандидат за претстојните седми по ред претседателски избори.

    Знам ги повика граѓаните да дадат потпис за поддршка на кандидатурата на Димитриевски (видео)