Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дотрајаната жолта куќа на улица “Ленинова“ ќе се сруши делумно или целосно.
Од секторот за урбанизам во општина Куманово велат дека стапиле во контакт со сопственикот, ќе се направи елаборат по што ќе се знае дали делумно или целосно ќе треба да се руши куќата.
“Сопственикот ни укажа дека не е единствен сопственик, туку ја преземал обврската да контактира со останатите наследници кои што во моментов не живеат во Македонија. Во најкраток можен рок ќе достави елаборат за отстранување на објектот до секторот, ќе го добие бараното одобрение и ќе пристапи кон отстранување на истиот. Дали ќе се отстрани цел или делумно, ќе покаже елаборатот кој што ќе го достави во секторот“ - изјави Лидија Ланг Спасовска, раководител на секторот за урбанизам во општина Куманово.
Ланг Спасовска вели дека во градот има повеќе стари објекти, кои треба да се срушат, но проблем е што сопствениците обично не сакаат да соработуваат со локалната самоуправа за отстранување на објектите.