×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жртва може да биде секој од нас, жителите на Доброшане во сабота на протест

    06.08.2020 09:04 | KumanovoNews

     Жителите на населбата Доброшане во сабота од 22 до 23 часот, во близина на бензинската пумпа, ќе го блокираат патот Куманово - Свети Николе, во знак на простест поради несовесното однесување на возачите, кои не ги почитуваат собраќајните правила во населено место и ги загрозуваат нивните животи.

    Жртва може да биде секој од нас, жителите на Доброшане во сабота на протест

    - Протестот ќе се одржи поради последниот немил настан што се случи на 1 август на истото место, а е еден од низата вакви настани во нашата населба. Сакаме да им укажеме на надлежните институции да преземат соодветни мерки и да ги спречат ваквите настани во иднина, бидејќи жртва може да биде секој од нас, - се вели во поканата од група граѓани којашто е доставена до нас.

    Минатата недела ва населбата Добрешане загина 16 годишно момче на мотор, откако во него удри 24 годишен возач на бемве, кој побегнал од местото на несреќата а потоа сам се пријавил во полиција. Жителите револтирани што е изгубен уште еден млад живот, на социјалните мрежи побараа да се постават препреки на патот и да се зголеми присуството на полицијата на оваа делница за да се казнат прекршителите, бидејќи откако се реновирал регионалниот пат кој поминува низ нивната населба,  возачите не ја почитуваат брзината на движење во населено место и возат како по писта развивајќи брзина и по 150 км/час.

    (С.Н.)