×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жртви на семејно насилство се главно сиромашни жени

    16.09.2011 12:41 | KumanovoNews

      Околу 100 жртви на семејно насилство од регионот се јавиле на СОС телефонот на Женскиот центар во Куманово, како дел од проектот „Заедно против семејно насилство„ што се спроведуваше во изминатите 9 месеци.

    Жртви на семејно насилство се главно сиромашни жени

    Жртвите главно биле жени кои поради тешката економска состојба на семејството ја трпат тортурата, но имало регистрирано и случаи на насилие и врз мажите.

    Зголемено е насилството во нашиот регион, а особено од економски аспект. Поради тоа мора да се прават чекори и да се преземаат мерки да се елиминира насилството. Главно жртвите се жалат на сиромаштија, поради што настапува физичкото насилство во семејството. Повеќето од жртвите се жени, но постојано се зголемува бројот на мажите- рече координаторката Виолета Петровска, на денешниот регионален завршен форум на проектот „Заедно против семејно насилство„ кој се имплементираше во шест општини Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Ранковце, Кратово и Крива Паланка.

    Проектот се спроведуваше две години, а постигнати се значајни резултати во партнерството со институциите и невладините организации, соработка меѓу релевантните институции за превенција од семејно насилство, изработена е програма за функционирање на локалните совети и стратегија, а обучени се волонтери за помош на семејното насилство. По завршување на проектот локалните совети за превенција ќе продолжат независно да работат на остварување на зацртаните цели.