Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сојузот на организации на жени во Македонија денеска во Куманово организираше обука на претставници од повеќе релевантни институции во градот кои треба да пружат помош на жртвите од семејно насилство.
Основна задача на луѓето од здравството, образование, центри за социјална работа и невладиниот сектор е да се справат со проблемот во моментот кога жртвата ќе побара од нив. Тие во координција треба брзо да реагираат и на најлесе начин да и помогнат на жртвата.
За среќа за овој проблем веќе не се молчи и државните институции го третираат. Ние како невладин сектор работиме на откривање и иницирање на решавање на проблемот, и помагаме процесот да оди понапред. Проблемот на семејното насилство постои од секогаш, но сега пријавувањата се почести. Имаме СОС телефонски линии од 2004 година, прво во Скопје, а потоа и во Куманово. Од сите три мобилни оператоти имаме единствен бесплатен број 141 700, на кој можат да се пријават насилниците-изјави Савка Тодоровска, претседателка на СОЖМ.
Обуката ќе трае и утре, а предавачи ќе бидат претставници од полицијата и образованието. Поектот е подржан од Светската здравствена организација. Владата го подржа протоколот против семејно насилство.