Уште еден автомобил пропадна во дупка на улица Уште еден автомобил пропадна во дупка на улицата „11 Октомври“ во близина на Кумановската болница.
Жаклина Јовановска кандидат за градоначалник на СДСМ за Старо Нагоричане Жаклина Јовановска е кандидат за градоначалник на СДСМ во општината Старо Нагоричане. Одлуката синоќа ја соопштил лидерот Зоран Заев на централниот одбор на партијата.
Со закани изнудил 3.000 евра Кумановската полиција поднесе кривична пријава против В.И. (43) за сторено кривично дело изнуда.
Ќе побараме да се смени оштетеното знаме од јарболот, одговори Дамјановски Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски ќе побараат од службата на Владата, која е задолжена да ги одржува јарболите со знамињата во државата, веднаш да го смени скинатото знаме и на негово место да постави ново.
Знамето на јарболот во центарот на градот е цело испокинато, посочува ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ бара локалната самоуправа да го смени знамето на јарболот во центарот на Куманово, бидејќи е скинато и секој момент може да падне.
Заврши Меѓународната ликовна колонија „Куманово“ Во меморијалниот центар АСНОМ во селото Пелинце синоќа беше затворена 43. Меѓународна ликовна колонија „Куманово“.
„Будење“ бара референдум за стратегијата за мигранти Граѓанската иницијатива „Будење“ бара општина Куманово да распише референдум за Стратегијата за интеграција на мигрантите во Република Македонија.
Собрани 60 единици крв на вонредна крводарителска акција Над 60 единици крв се собрани на денешната вонредна крводарителска акција што се одржа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Пронајден хероин кај кумановец Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.С.(40) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пушатање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Еуросупер 98 поскапе за половина денар За половина денар поскапува ЕУРОСУПЕР-98, а цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата остануваат непроменети. Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за половина денра, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Пет лица нападнале Авганистанец и му одзеле 3000 евра На автопатот Скопје-Куманово, во близина на селото Бунарџик, пет непознати лица извршиле разбојништво врз Г.Х.Х од Авганистан.
Препродавал карти за Суперкупот на интернет Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.И. (30) од село Черкези поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело недозволена трговија.
Предраг Божичковиќ директор на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ Предраг Божичковиќ директор на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ
Промоција на книгите „ Созерцание “ и „У наручју снова“ Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев “ Куманово утревечер ќе се одржи промоција на книгите „ Созерцание “ од авторката Виолета Сековска и „У наручју снова“ од хрватскиот автор Дамир Марас.
Избирачкиот список на јавен увид Граѓаните од денеска можат да извршат увид во избирачкиот список, кој е ставен на јавен увид.
Пад на температурата, дожд и грмежи од понеделник Утре, (недела) во попладневните часови ќе има зголемена облачност, а кон крајот на денот и ноќта кон понеделник локален пороен дожд и грмежи, најавуваат од Управата за хидромеоролошки работи(УХМР).