ВМРО-ДПМНЕ ја обвини општината за доцнење на платите во училиштата- Дамјановски негира Општината Куманово, а не Министерството за образование е виновна што доцнат платите на вработените во кумановските училишта, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, по вчерашниот предупредувачки протест на професорите од средното училиште „Перо Наков“.
СДСМ започнува акција „Моето маало“ Изборниот штаб на СДСМ од утре ќе започне со реализација на еколошки проект кој се нарекува „Моето маало“.
Шопска свадба во Кратовско Викендов во Кратово ќе се одржи културната манифестација Шопска свадба, која што ја организира кумановското здружение Етно ризница.
Стечајците го блокираа влезот на Куманово Стечајните работници од Куманово денеска два часа го блокираа сообраќајот на влезот и излезот на Куманово.
Повреденени мотоциклист и негов сопатник Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што вчера се случила на крстосницата од улиците „11. Октомври“ и „Сава Ковачевиќ“ во Куманово.
Штрајкуваат професорите во „Перо Наков“ Предупредувачки протест започнаа професорите од средното стручно училиште „Перо Наков“ од Куманово затоа што им доцни платата.
Денови на комедија по 19. пат во Куманово Тринаесет театри од Македонија, Србија, Бугарија и Косово, ќе настапат на 19. Меѓународниот фестивал на комедијата, кој ќе се одржи од 1. до 15 октомври во Куманово.
Амбасадорката на БиХ во посета на Куманово Во прва официјална посета на Куманово денеска престојуваше амбасадорката на БИХ, Лепа Бабиќ.
Отворени „Денови на мед“ на градскиот плоштад Десетина производители на мед од Куманово и соседните општини денеска ги претставија своите производи на манифестацијата „Денови на мед“, што по 16. пат ја организира здружението на пчелари „Пчела“ на градскиот плоштад во Куманово.
Се одржа дебата за креирање младински политики Во Едукативниот центар “Млади за млади“, Старо Нагоричане, денеска се одржа јавна дебата на тема “Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“, како дел од активностите на проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики”, финансиран од Европската унија.
Обљуба на жена во Старо Нагоричане Повознарана жена од Куманово пријавила дека ја обљубил жител на Старо Нагоричане.
Трибина „Стрес и енергија на свесност„ Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ утревечер ќе се одржи трибина на тема „Стрес и енергија на свесност„.
„Денови на мед 2016“ два дена на градскиот плоштад Традиционалната манифестација „Денови на мед„, која ја организира пчеларското друштво „Пчела“, утре и задутре ќе се одржи на градскиот плоштад во Куманово.
СДСМ: Хаос и неорганизираност владее во македонското здравство Хаос, неогранизираност и несоoдветно лекување на пациентите е сликата во македонското здравство, обвинија од СДСМ Куманово на прес-конференција.
Фото клубот Козјак организира Арт-фото школа Фото кино клуб „Козјак“ организира Арт-фото школа која ќе започне на 1.октомври. Од клубот најавуваат дека оваа година воведен е нов концепт на работа, па преку интерактивни предавања на фотографи и уметници посетителите ќе дојдат до нови знаења.