Од новогодишниот коктел на СДСМ порачаа: 2015 беше тешка година за Куманово Традиционален новогодишен коктел за своите членови, симпатизери и пријатели организираше општинската организација на СДСМ. Домаќинот на прославата претседателот Мартин Костовски, кој ги поздрави гостите и им посака среќни празници.
Цариници повредени во сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје Тројца цариници се повредени во сообраќајната несреќа што се случила утрово околу 7.15 часот, при превртување на комбе на Царинската управа на автопатот Куманово - Скопје.
Дедо мраз донесе подароци на учениците во Клечовце По повод новогодишните празници, учениците од одделенска настава во основното училиште „Вера Которка“ с.Клечовце се претставија со пригодна програма пред учениците, родителите и наставниците.
Пожарникарите гаснеа запалено стрниште во Градиште Пожарникарите вчера гаснеа запалено стрниште во село Градиште.
На автопатот Скопје-Куманово сообраќајот се одвива по десна лента На aвтопат Скопје-Куманово, сообраќајот се одвива по десната сообраќајна лента сe до приклучокот на автопат Велес-Куманово, стои во соопштението од Авто мото сојузот на Македонија за состојбата на патиштата.
Третата фаза од патот Липково-Арачиново ќе се реализира догодина Третата фаза од регионалниот пат Липково-Арачиново ќе отпочне во 2016 година, стои на веб сајтот на Министерството за транспорт и врски.
Пакетчиња добија и корисниците на „Порака наша“ Новогодишни пакетчиња од локалната самоуправа денеска добија и корисниците на Дневниот центар за лица со посебни потреби „Порака наша“.
Ќе продолжи проектот за општинско-корисна работа Ќе продолжи проектот за општинско-корисна работа и во 2016 година, соопшти денеска градоначалникот Зоран Дамјановски при посета на Дневниот центар за лицата со попреченост.
Градоначалникот ги прими најдобриот полицаец и пожарникар Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска им врачи пригодни подароци, на најдобриот полицаец за 2015 година, Виктор Христовски од СВР Куманово и најдобриот пожарникар, Митко Колевски од Територијалната противпожарна единица Куманово.
Новогодишни попусти во Алфи Алфи Техноцентар е единственото место во градот каде што овој момент има две новогодишни акции и загарантирано најниски цени.
Од утре почнува зимскиот распуст За околу 17.000 ученици во општина Куманово утре почнува зимскиот распуст, кој ќе трае до 21 јануари 2016 година.
Први јануари неработен ден за сите граѓани 1 јануари 2016 година (петок), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Министерството за труд и социјална политика соопштува дека тоа е согласно со Законот за празниците на Република Македонија.
Фотографи од „Куманово“ освоија награди во Прилеп Фотографиите на членовите на Фото клуб „Куманово“ неодамна беа наградени на меѓународната изложба насловена како „Photo Motion 2015”, која се одржа во Прилеп.
Подароци за децата од Бајловце од советничката Божиновска Советничката во Советот на општина Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Злата Божиновска денеска однесе подароци за учениците од основното училиште „Христијан Т.Карпош“ во село Бајловце.
Кај „Нато клучката“ и кај Табановце фатени мигранти Во три одделни случаи кај „Нато клучката“ и кај село Табановце се фатени мигранти.
Новогодишен базар за „Порака наша“ Во маркетот „Туш“ денеска и утре се одржува новогодишен продажен базар.