Мени

12 години од смртта на Тоше Проески

16.10.2019 08:54 | KumanovoNews

 Големата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески, на денешен ден во 2007 година, загина во сообраќајна несреќа во Хрватска.

12 години од смртта на Тоше Проески

Дванаесет години по неговата трагична смрт, публиката се` уште ги слуша неговите песни и се потсетува најпрво на него како личност, а топла и на неговото маестрално музичко дело.

Тоше првпат има настапувано на 11 годишна возраст на фестивалот „Златно славејче“. Во многу краток период неговата слава почнува да оди по нагорна линија и тој ќе настапи на многу фестивали и во нашата земја но и надвор од неа.

Во текот на својата кариера има издадено околу десетина албуми и има голем број на оддржани концерти. Ја претставуваше Македонија на Евровизискиот избор во Турција во 2004-та година со песната „Ангел си ти“.

Добитник е на хуманитарната награда „Мајка Тереза“ , а беше именуван и за регионален амбасадор за добра волја на УНИЦЕФ. Она што овој пејач го остави зад себе не само со неговата музика туку и со неговата добрина и хуманост ќе остане засекогаш во сеќавање на македонскиот народ.