Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На преполниот Градски плоштад,синоќа пееше српскиот фолк пејачот Аца Лукас. Публиката 2 часа уживаше во старите и нови хитови на кралот на сплавовите, како го нарекуваат медиумите.
Концертот го започна со легендарната „Лична карта“ и публиката ја освои на прва. Како хронолошки се редеа хитовите „Бај пас“, „Моја песна е од бола“ и другите, атмосферата стануваше се пожешка. Со кренати раце и во еуфорично расоположение хорски се пееше и се играше на кафанските хитови на Лукас. Како стар рокер, Лукас отпeја неколку песни од негови колеги Рибља Чорба, Бело Дугме, Џеј, Тома Здравковиќ и други. Песната „Не слушај мајко“ ја посвети на неговата мајка, па пред публиката изрецитира една строфа. Се заблагодари на локалната самоуправа што токму него го избра за прослата на празникот, и направи одлична журка. На концертот поголемиот дел од публиката беа млади луѓе, а помало беше присуствито на повозрасните. Големиот концерт заврши со спектакуларен огномет.