Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пејачката Адел е уметник на годината. Ова признание и го додели музичкото списание "Билборд".
Нејзиниот албум "21" е прогласен за најдобар албум во 2012 година. "Би Би Си" пренесува дека таа е прва која две години по ред ги добива двете признанија. Адел е прогласена и за најдобра пејачка. Хип-хоп музичарот Дрејк е најдобар машки изведувач. Групата "Уан дајрекшн" е прогласена за најдобар нов уметник. Најдобра група за 2012 година е "Марун 5".
Адел годинава освои и шест награди Греми. Нејзиниот втор албум "21", објавен во март 2011 е еден од најпродаваните албуми за оваа година.