Адел го заштити своето име
26.12.2012 08:45
| KumanovoNews
Англиската пејачка Адел одлучи од неодамна да ги спречи луѓето да не го користат нејзиното име за разни производи без нејзина дозвола и затоа го заштити своето име.

Не сакам било кој да го користи моето име на производи само за да ги измами корисниците и да ги наведе да помислат дека јас имам некаква врска со нив-изјави Адел за The Sun.
Адел сака да им забрани на сите да го користат нејзиното име на неофицијални производи како парфеми и накит.
Благодарение на ова, ќе бидам во можност да поднесам кривична тужба против таквите компании кои ќе го искористуваат моето име во обид да привлечат поголем број купувачи- изјави Адел.