Мени

Адел нема инспирација за нов албум

04.03.2013 09:28 | KumanovoNews

Британската пејачка Адел се уште бара инспирација за нејзиниот нов албум, што и не е никакво чудо затоа што од неа сега се очекува многу повеќе.

Адел нема инспирација за нов албум

Британската пејачка Адел се уште бара инспирација за нејзиниот нов албум, што и не е никакво чудо затоа што од неа сега се очекува многу повеќе.

Нејзиниот последен албум „21“, кој го објави пред две години ги надмина сите рекорди вклучувајќи и оној за најпродаваниот албум на 21 век, а собра и голем број награди, вклучувајќи и Оскар за песната „Skyfall“.

Поради тоа не е чудно  што славната британска пејачка внимателно ги бира песни за нејзиното ново остварување и притоа има сериозни проблеми за да го одржи достигнатото ниво.

Пејачката призна дека има проблеми со инспирација и додаде дека албумот ќе биде објавен кога ќе биде готов и кога ќе има за што да пее, јави „Дејли Меил“. Очигледно Адел е под голем притисок.