Адриана Лима за Прада
23.02.2013 11:57
| KumanovoNews
Ангелот на Викторија Сикретс, Адриана Лима, се појави на пистата на модната ревија на Прада што се одржа во четвртокот во Милано.

Ова беше вистинско изненадување за модниот свет, но и за обожавателите на бразилската убавица.
Супер моделот ја објави оваа фотографија на својот профил на Фејсбук, а за неа напиша: „Ми беше голема чест да чекорам на мојата прва ревија на Прада за колекцијата есен/зима 2013 во Милано. Благодарам Прада за прекрасната можност“.