Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Песната ќе биде химна за „Етно-село Тимчевски„, и преку митот на Батко Ѓорѓија се опејува кумановската традиција и култура.
Адријана Алачки и актерот Горан Илиќ- Гиле снимија песна за Батко Ѓорѓија и кумановските боеми. Песната ќе биде химна за „Етно-село Тимчевски„, и преку митот на Батко Ѓорѓија се опејува кумановската традиција и култура.
Песната е направена по теркот на Митке и Коштана. Адријана пее за меракот на Батко Ѓоргија кон пиењето и убавите невести, а Горан зборува за желбата на кумановскиот боем се што ќе види убаво да биде негово.
Токму на ова место потекнува митот и историјата за Батко Ѓорѓија. Овде ја прикажуваме нашата традиција и култура, преку музиката и преку храната. Се што има историја треба да се одбележи со убава песна, тоа е во нашата традиција- вели Адријана.
Композитор на песната е Далибор Ќосиќ, текстописецот Радмила Митровиќ-Хани, а свири групата „Етно-бенд„.
Песната беше промовирана викендова пред гостите на Етно комплексот во Младо Нагоричане. За две недели ќе биде снимен спот за песната во кој ќе бидат претставени убавините на кумановскиот крај.
Ресторанот Етно село нуди сите видови на домашни јадења приготвени на традиционелен начин во фурна. Комплексот го посетуваат домашни гости, а се почесто и странци. Располага со 12 двокреветни соби, 3 апартмани, просторија за семинари и деловни состаноци, сопствена винарија, детски забавен парк, велосипедска патека, рекретаивни и спортски терни и базени.