Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бразилскиот супермодел Адријана Лима и нејзиниот сопруг, српскиот кошаркар Марко Јариќ, купија вила на Флорида, објави Вол Стрит Џрнал. Куќата за која платиле 9 милиони долари е сместена на еден од 32-та поседи на приватниот остров Индијан Крик во близина на Мајами Бич.
Вилата е со површина од 700 квадратни метри и се наоѓа на јужната страна на островот во заливот Бискајен.
Славниот пар ја искористи економската криза, бидејќи куќата која минатата година чинела преку 12 милиони фунти, сега ја платиле значително помалку. Според зборовите на брокерот Нелсон Гонзалес, Адријана и Марко планираат целсоно да ја реновираат и да ја прошират куќата.
Вилата им ја продале наследниците на Артур Апелтон, бизнисмен од Чикаго кој своевремено бил во брак со Марта О`Дрискол, славна холивудска старлета од почетокот на триесетите години на минатиот век.