Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Новиот македонски фестивал под отворено небо „Аква-парк фест“, кој ќе биде во Пробиштип на 24 и на 25 мај, отвори конкурс за демо-бендови.
Сите заинтересирани состави може да се пријавуваат до 24 април. Повикот е насочен кон неафирмирани македонски бендови што свират авторска музика и немаат официјално издание за некоја продуцентска куќа. Групите треба да испратат две авторски песни, кратка биографија и фотографија од бендот.
Организаторот, продукцијата „Пасворд“, наскоро треба да почне да ги најавува главните ѕвезди на „Аква-парк фест“, а во меѓувреме ги отвори вратите и за младите домашни музичари. Идејата е да се поттикне развој и да се афирмира свежата македонска сцена. Бендовите што ќе бидат избрани ќе настапат на една од фестивалските бини, ќе им бидат покриени патните трошоци, ќе добијат дополнителни гратис-влезници и бесплатно камп-место на „Аква-парк фест“.