Алек Трип е новото лице на македонската естрада
29.03.2013 15:19
| KumanovoNews
„Гард Горе” е втората песна на Александар Грчаровски, кој настапува под уметничкото име Алек Трип.

Тој е комплетен автор на текстот, аранжманот и музиката за песната. Во песната се опишува неговиот живот и тоа што му се случувало во последните неколку години. Станува збор за емотивна песна.
Алек има 22 години, напорно работи на новите песни, кои ќе се појават наскоро, а најавува и соработка дуети со неколку естрадни уметници.