Александар Тарабунов со нова песна и видео запис
22.04.2013 08:15
| KumanovoNews
Поп пејачот Александар Тарабунов, по мала музичка и медиумска пауза повторно изненади со нова песна и видео спот.

Овој пат станува збор за песната “Моја навика”. Како автори на песната се потпишуваат: Александар Тарабунов (музика), Ксенија Николова (текст), Дамјан Лазаров (аранжман), Дарко Илиевски (продукција), а како заден вокал се појавува Андријана Јаневска.