Мени

Александра Јанева победник на МакФест

13.10.2013 09:09 | KumanovoNews

Струмичанката Александра Јанева победи на овогодинешниот избор за песна "МАкФест" со песната "Врати ми го срцето".

Александра Јанева победник на МакФест

Авторот на музиката и текстов е на Ристо Самарџиев, а аранжманот на Владимир Дојчиновски.

Втората награда отиде во рацете на Марија Бунда со "Не ме познаваш", а третата припадна на "Како да те украдам" на Мартинијан Кириловски.

Најдобар дебитант на овогодинешното 28-издание е на Панче Илиев.

Минатогодишната второпласирана изведба на Тамара Тодевска "Готово е" е прогласена за најслушана песна на годината.