Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Некогаш една од најголемит НБА ѕвезди, Ален Ајверсон, на судот во Атланта е опишан како најлош и неодговорен родител.
Ајверсон неодамна се разведе од сега веќе поранешната сопруга Тавани, мајка на нивните пет деца. Освен разводот, Ален го изгуби и старателството над децата. На Семејниот суд во Атланта доби остри критики.
Ајверсон не знае да ги воспитува децата, ниту пак да го интересираат. Секогаш го забавувал нивниот духовен и емотивен развој. На пример, одби да го решава неговиот сериозен проблем со алкохолот поради што правел многу неприфатливи работи пред децата. Децата ги оставаше сами и без надзор. Ќерката ја оставил во хотелска соба со мажи кои нивната мајка не ги познавала, рече судијата.
Судијата на Тавани и го додели старателството над децата, а Ален има ограничени права на посета и тоа ако одбегнува одредени работи.
Тој не смее да се напие ни капка алкохол во наредните 18 месеци.
Исто така, додека сите деца не бидат полнолетни, тој не смее да конзумира алкохол во периодот од 24 часа во кој планира да ги види.
Наредено му е да посетува психијатар во периодот од една година.