Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Американската музичарка Алиша Kис се подготвува за враќање на сцената. Таа е во фаза на менување на својот имиџ и стил.
Пејачката, која извесно време беше надвор од случувањата на музичката сцена, планира да го претстави својот нов сингл на годинашните „Ем-ти-ви видео мјузик авордс“. Таа е фаворит на ова шоу уште од 2001 година, кога беше прогласена за најдобра нова артистка. Досега има освоено 4 награди и 12 номинации во рамките на оваа наградна манифестација.
Навистина ќе биде посебно чувство да ја претставам новата песна на доделувањето на наградите на Ем-ти-ви. Истото ми се случи со синглот No One, кој го изведов пред милионската публика што го следи шоуто - вели Kис.