Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Доколку со тенисот и тргне наопаку, Ана Ивановиќ нема зошто да се грижи бидејќи холивудски продуценти ја бараат на големо.
Добив неколку повици да играм во Холивудските филмови. Најмногу ме контактираа продуценти од независни продукции, но јас ги одбив иако сите беа многу возбудливи понуди-изјави тенисерката Ана Ивановиќ.
Колку сето тоа да звучеше возбудливо сепак ја одбив понудата, бидејќи за неколку сцени и десет редови текст требаше да издвојам околу 10 дена за снимањето, а немав намера да го жртвувам тенисот за сето тоа-додаде Ивановиќ.
Српската тенисерка досега се има појавено на околу 200 насловни страни во престижни светски магазини, има потпишан договор со спортскиот брен Адидас и е една од заштитните лица на кампањата на Ролекс.
Воопшто не сакам да читам за себе, не сум ни свесна за својот изглед се додека не ме прашаат за тој во интервјуата. Мислам само на тренинзите и на тоа како да ја подобрам својата игра-изјави српската тенисерка.