Ана Ивановиќ со ново момче
25.01.2013 13:12
| KumanovoNews
Најубавата тенисерка на светот е фотографирана на плажа во Мелбурн, како се бакнува со своето ново момче, Англичанецот Марк Стилитано.

Ана имала свој тениски настап на “Australian Open 2013”, но по изгубениот натпревар од Агњеска Радванска во осмина финалето, таа излегла од трката. Сепак, очигледно тоа не значело дека ќе го напушти континентот.
Тенисерката, која во моментов се наоѓа на 13 место, беше слободна од 2010 година, кога раскина со австралискиот голф играч Адам Скот. Марк е англиски тенисер од Монако. Најверојатно, двојката се запознала преку Новак Ѓоковиќ, со кого неколку пати е виден Марк.