Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод Денот на ослободување, на Градскиот плоштад ќе настапат легендарните Дивље Јагоде и српската поп пејачка Ана Николиќ.
Ноемвриските денови ќе започнат од задутре со низа активности:пуштање на улици, изложби, промоции на книги, манифестацијата „Празијада„ во село Режановце, , а ќе финишира со големиот концерт на плоштадот.
- Ќе пуштиме во употреба девет проекти. Ќе биде поставена кровна конструкција на една голема капитална инвестиција, а тоа е затворениот пливачки базен. На 10 ноември ќе биде концертот во пресрет на Денот на ослободување со спектакуларен огномет. Оваа година ќе ги доведеме пејачите Ана Николиќ од Србија и Дивље Јагоде од Сарајево. Како и секоја година како што прилега на мултиетнички град, ќе има и пејачи Македонци, Албанци и овие две ѕвезди кои ќе имаат концерт од по час и половина - рече градоначалникот Зоран Дамјановски.
Оваа година за првпат, наместо академија ќе се одржи свечена седница на Советот на Општина Куманово што ќе се одржи во ресторан Палас.
- Имајќи ја во предвид расходната страна, оваа година ќе одиме со по скромни содржини. Културни и спортски манифестации ќе почнат на 31 октомври, а ќе завршат на 11 ноември. Ќе има изложба на кумановските ликовни уметници од куманово и изложба на ликовната колонија „Карпино 2012„ - изјави Жика Крстевски, раководител на Секторот за спорт и култура во Општина Куманово.
Во програмата е предвидена и промоција на списанието Корени, кое слави 10 години постоење, а ќе се одржи и Меѓународниот напревар на риболовци, турнир во пинг - понг и мал фудбал.
Нино Величковски, директор на Фондацијата за спорт и култура спомна дека во програмата ќе бидат вклучени КУД“Панче Пешев“ и професори од музичкото училиште.
Ангажманот на музичките ѕвезди чини 10.000 евра, а за целокупната програма ќе бидат потрошени 900.000 денари.