×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ана Николиќ и Дивље Јагоде пееја пред кумановци

    11.11.2012 17:55 | KumanovoNews

    Атрактивната српска поп-пејачка Ана Николиќ и подмладената босанска група „Дивље Јагоде“ викендов одржаа концерт во Куманово. На полниот Градски плоштад, гостите приредија добра тричасовна забава и покрај ладното време.

    Ана Николиќ и Дивље Јагоде пееја пред кумановци

    Прва настапи Ана Николиќ, која го започна концертот со познатите хитови „Џукело“, „Јануар, јануар“, „Ромале, ромали“ „Барбика“, „Мишу мој“, „Чоколадна девојка“ и други. Во вториот дел покрај нејзините пееше песни од Цеца, Бело Дугме, Северина, со кои ја загреја и разигра и малубројната повозрасна публика.На концертот беа повеќето деца и тинејџери, кои ги знаеа сите нејзините хитови.

    Презадоволна сум. Многу убав концерт, бидејќи публиката во Македонија секогаш е прекрасна. Бев среќна уште кога го договоривме настапот, а сега сум уште посреќна затоа што имаше неколку иљади луѓе и сите на глас хорски ги пееја моите песни. Сеуште сум под импресии затоа што ова ми е прв поголем концерт во Македонија, но се надевам дека догодина ќе одржам и прв солистички концерт. Тоа ќе биде спектакл, шоу кој го подготвувам за следната година - изјави Ана по концертот.

    Згодната чоколадна девојка ги разочара кумановци само со својот стајлинг. Наместо со голи нозе и длабоко деколте, како што очекувааа, како што е во нејзините спотови каде го истакнува нејзиниот сексапил, таа беше облечена во црни тесни панталони и високи чизми, со црна ролка и кожна јакна, преку која, на почетокот на концертот имаше црн широк џемпер. Косата и беше врзана во репче, а не беше ни многу нашминкана, па изгледаше премногу обично. Таа не доминираше ниту на сцената, бидејќи заедно со неа во прв план беа и нејзините пратечки вокали, па се имаше впечаток дека се работи за трио.

     Групата „Дивље јагоде“ настапи по 22 часот, прес повозрасна публика и направи одлична журка. Ги свиреа нивните познати хитови и многу инструменталки, меѓу кои и „Македонско девојче“, која ја отпеа публиката. Концертот го завршија на полноќ со легендарната „Мотори“.

    Во пресрет на Денот на ослободување на градот имаше и спектакуларен огномет. Концертот го организираше градоначалникот Зоран Дамјановски и локалната самоуправа Куманово.