Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Градскиот плоштад во Куманово утре концерт ќе одржи српската поп пејачка Ана Николиќ и босанската група Дивље Јагоде.
Концертот го организира локалната самоуправа Куманово, по повод 11 Ноември, Денот на ослободување на градот.
Концертот ќе започна во 20.30 часот, а ќе заврши на полноќ со спектакуларен огномет. Прва ќе настапи Ана Николиќ, а потоа групата Дивље Јагоде. Ана со свој бенд ќе стигне утре претпладне, а членовите на Дивље Јагоде од вечерва се во Куманово. Предвидено е утре да го разглеаат градот и да имаат заеднички ручек со домаќинот градоначалникот Зоран Дамјановски.
За хонорарите на ѕвездите Општината издвои по 5 илјади евра, од програмата за прославата на Денот на градот.