Мени

Анабела ќе пее на хуманитарен концерт за “Порака наша“

26.08.2013 13:21 | KumanovoNews

Во Касапски круг во чевтрток ќе се оддржи хуманитарен концерт на кој ќе гостува српската пејачка Анабела, а собраните средства ќе бидат донирани за “Порака наша“.

Анабела ќе пее на хуманитарен концерт за “Порака наша“

Сите средства ќе бидат наменети за функционирање на Дневен центар “Порака наша“. Ова не се прави првпат, туку третпат и сакам да се заблагодарам на Оливер Темелковски и “Ротари“ клуб. Ваквите хуманитарни акции се повеќе од добредојдени за нас бидејќи ние не сме финансиски обезбедени - вели Благица Димитровска, претседател на “Порака наша“.

Таа ги повикува граѓаните да уживаат во концертот и со купување на билет за влез да помогнат на корисниците на “Порака наша“.