Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Српската поп пеачка Aнабела, која е во љубовна врска со манекенот Младен деновиве за прв пат остана сама. Тој отпатува во Тајланд каде што работи како менаџер на ноќен клуб и ќе остане таму две недели, додека пак Анабела ќе остане во Белград со своите две ќерки.
Како што пре4несуваат српските медиуми, ова е прва разделба меѓу заљубениот пар по излегување од куќата на големиот брат. Анабела со задоволство ја покажува врската во јавноста и јавно ја признава во секое нејзино интервју, додека пак младиот манекен исто така потврдува дека има чувства и надежи кон неа. Откако излегоа од куќата на Големиот брат, парот е нераздвоен,а пред недела дена биле заедно на Копаоник.
Младен тогаш сфатил дека сака засекогаш да се врати во Белград и затоа отпатувал во Тајланд, каде што ќе го прекине договорот за работа и ќе си ги пренесе своите работи. Во Белград планира да отвори свој ресторан или ќе работи како менаџер на некој ноќен клуб.