Ања Ветерова освои Гран при на Сан Ремо
22.04.2013 08:18
| KumanovoNews
Ања Ветерова победи на престижниот музички фестивал Сан Ремо Јуниор.

Некогаш чудо од дете, а денес успешна тинејџерка, Ања Ветерова триумфираше на престижниот музички фестивал Сан Ремо, освојувајќи го првото место и Гран при, известува Македонска музичка мрежа.
Настанот се случуваше од 15-ти до 21 април во познатиот театар Аристон.