Мени

Антонио Бандерас и Мелани Грифит во зенитот на љубовта

21.07.2012 08:13 | KumanovoNews

Спротивно на гласините во медиумите, Антонио Бандерас и Мелани Грифит немаат никакви проблеми во брачниот живот.

Антонио Бандерас и Мелани Грифит во зенитот на љубовта

Гласините за можниот развод се појавија во медиумите на почетокот од оваа година откако Антонио Бандерас беше фотографиран со мистериозна жена во Канкун.

Бандерас беше забележан и како танцува со Малика Шерват за време на филмскиот фестивал во Кан.

Мелани Грифит во јавноста беше видена без венчалниот прстен, што само ги подгреа и засили гласините.

Меѓутоа, пријател на славниот пар за магазинот People тврди дека Бандерас и Грифит се вљубени еден во друго повеќе од кога и да е.

Изгледаат апсолутно добро. Искрено, изгледаат среќни-изјави неименуваниот извор.

Друг извор објаснува дека парот не може често да биде виден заедно бидејќи Бандерас снима филм надвор од Лос Анџелес.

Бандерас и Грифит се сретнаа во 1996 година, за време на снимањето на филмот Two Much. Ја имаат 15-годишната ќерка Стела дел Кармен Бандерас Грифит.