Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Американскиот пејач Ашер се раплака во судницата во Атланта, откако адвокатот на неговата бивша сопруга укажа на тоа дека е лош татко и дека повеќе сака да се журка, отколку да биде со своите деца.
Ашер со својата бивша сопруга се бори за старателство над нивните две деца.
Вчерашното судење траеше со часови, а адвокатот на неговата бивша сопруга не го штедеше пејачот. За да докаже дека е лош татко, адвокатот на судењето покажал слики од неговите диви забави низ Европа во почетокот на годината.
Адвокатот исто така тврди дека пејачот има проблеми со дрога и дека не ретко се дрогира и пред своите деца. Тој во минатото призна дека пушел марихуана меѓутоа на судењето е обвинет дека користи и посилни дроги.
"Јас не сум лош татко" изјави пејачот и ги негираше сите останати обвиненија.