Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во минатата натпреварувачка сезона, Ауди ја претстави посилната верзија на својот R18 Le Man прототип, наречен R18 Ultra, а главниот фокус во текот на изградбата беше на штедењето во тежина.
Филозофијата од R18 Ultra, Ауди ја примени и на R8 LMS моделот, како и на подоцна изработениот концепт направен врз основа на ТТ моделот.
А сега конечно пристигна и првиот ултра лесен производен модел кој постави рекорди околу потрошувачката.
Новиот Ауди A3 TDI и тоа како се истакнува меѓу останатите модели на Ауди бидејќи станува збор за најефикасниот модел некогаш произведен од страна на германската компанија.
Наречен А3 1,6 TDI Ultra автомобилот носи 110 кс, а неговата потрошувачка на комбиниран европски циклус изнесува 3,2 литri на 100 км, што теоретски значи дека со полн резервоар можете да поминете неверојатни 1499 километри. Во месеците кои следат, Ауди ќе претстави уште неколку ултра модели кои ќе бидат препознатлици по фокусот на намалена тежина, подобрување во делот на потрошувачката и намалување на емисиите за издувни гласови.
Продажбата на А3 1,6 TDI во Европа ќе започне од наредниот месец.