Бајага во Куманово
19.12.2009 23:00
| KumanovoNews
Српската звезда Момчило Бајагиќ - Бајага и неговaта група Инструктори, ќе одржат концерт во Куманово. На Градскиот плоштад Бајага ќе пее 2,5 часа по што ќе следува спектакуларен огномет.

Минатата година за истиот празник пееа Петар Грашо, Јелена Розга и Борис Новковиќ, а концерти на градскиот плоштад имале и Здравко Чолиќ, Хари Варешановиќ, Владо Јаневски,покојниот Тоше Проевски, групата Синетезис и други. Концертите се под покровителство на Советот на Општината и градоначалникот.