Мени

„Бал фор Лаиф“ учествуваше во спотот на Тајзи

16.05.2015 17:49 | KumanovoNews

Членовите на кошаркарскиот клуб Бал фор Лаиф учествуваа во спотот за новата песна на Тајзи, Гласот на Народот.

„Бал фор Лаиф“ учествуваше во спотот на Тајзи

Спотот излезе денеска а се снимаше на повеќе локации низ Куманово. Младите кошаркари и кошаркарки имаа можност да видат како се снима видео-спот и да земат активно учество во него.

Покрај тоа што нашата екипа се занимава со спорт, сакаме нашите членови да ги запознаеме и со други сфери од општествениот живот. Покрај хуманитарните акции, тренинзите по атлетика и џиу-џицу, сега имавме можност да учествуваме во видео спот на Тајзи. Се надевам дека ова нема да биде последен проект со Тајзи, а нашата разноврсност и активност надвор од кошаркарските терени сигурно ќе продолжи - изјави Дарко Петковски, координатор во Спорт фор лаиф.

Спотот можете да го проследите на видеото подолу.