Бекам повторно неверен?
25.08.2012 07:31
| KumanovoNews
Дејвид Бекам беше вовлечен во нов скандал. Британските медиуми го пренесуваат новото наводно неверство, во кое се вмешани познатиот фудбалер Дејвид Бекам и британската пејачка Кетрин Џенкинс.

По гласините, 32-годишната пејачка преку Твитер и се обрати на јавноста и порача дека гласините се "болни и неточни". Кетрин сакаше да биде првата која ќе се изјасни за новите гласини за неверството и кажа дека го сретнала фудбалерот два пати во животот.
Драги Твитер пријатели, ги прочитав ужасните трачеви и сакав само да негирам се што се наведува во аферата со Дејвид Бекам. Гласините се болни и невистинити- изјави Кетрин.