Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Англискиот фудбалер Дејвид Бекам во петокот се состана со премиерот Дејвид Камерон, со кого разговараше за тоа што мора да се преземе во борбата против гладот на децата во светот.
Ѕвездата на фудбалскиот тим Лос Анџелес галакси на состанокот доставила и писмо, потпишано од голем број познати личности, меѓу кои се и манекенката Клаудија Шифер, глумицата Вупи Голдберг и музичарот Роби Вилијамс.
Бекам, кој долги години е ангажиран како амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, изјави дека најмногу ќе се фокусира на проблемите на неухранетите, со застој во растењето, што може да предизвика и оштетувања на мозокот. Ова заболување е предизвикано од неконсумирањето на неопходните хранливи состојки во првите илјада дена од животот. Поради тоа милиони деца на планетата не можат да го остварат својот психофизички потенцијал, а процесот е неповратен.
Во текот на наредните две недели очите на целиот свет ќе бидат свртени кон Лондон поради најголемиот спортски настан на Земјата. Како амбасадор на УНИЦЕФ, јас барам од британскиот премиер да го искористи глобалното внимание и од децата во светот да направи вистински победници на овие Олимписки игри - изјави славниот фудбалер.