×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бекам станал зависник од тетоважи

    28.09.2012 07:47 | KumanovoNews

    Изгледа дека легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам (37) толку ги обожава тетоважите што, барем според неговиот пријател Луис Молој, инаку тату-артист, Англичанецот развил и одредена зависност од нив.

    Бекам станал зависник од тетоважи

    Наводно, работите отишле толку далеку што и самиот Мелој, кој е автор на сите „слики“ на Бекамовото тело, се обидел да го премисли за правењето на некои од нив.

    Две години го наговорував да не прави тетоважа на вратот, но не успеав. На крајот, сепак, во 2004 година му истетовирав крст на вратот, тој е пресреќен со него и не ни помислува да го отстрани. Инаку, не сакам да тетовирам луѓе по вратот, лицето и дланките, но на Дејвид тоа не му претставува проблем, па секогаш ме наговорува да ги задоволам неговите желби-изјави Молој за „Дејли стар“.

    Инаку, Бекам на своето тело има 20 големи тетоважи, а меѓу некои од најновите се името на неговата 14-месечна ќерка Харпер, како и приказ на Исус носен од тројца херувими кои ги претставуваат неговите три сина, Бруклин, Ромео и Круз.

    Покрај тоа, тој има и три посебни тетоважи со нивните имиња, како и со името на сопругата Викторија, напишано на хинду јазик.