Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дејвин Бекам и Викторија Бекам на 4 јули ќе ја прослават 13-годишнината од својот брак.
Според извор близок на парот, славниот фудбалер Дејвид Бекам на својата сопруга Викторија планира да и подари споменар кој ќе ја потсети на почетокот на нивната романса.
Дејвид е многу романтичен. Ги чува романтичните писма кои му ги пишуваше Викторија, како и влезниците за кино од почетокот на нивната врска. Одлучи сето тоа да го стави во споменар кој ќе и го подари следниот месец- изјавил близок пријател на парот.
Дејвид и Викторија својата романса ја започнаа во 1997 година, а се венчаа две години подоцна и заедно со своите четири деца ќе ја прослават годишнината.