Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фудбалерот Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија Бекам го продаваат имотот. Тука влегува и колекција на автомобили која чини повеќе од 790.000 долари.
Фудбалерот има две Бентли, Бе-Ем-Ве 645, Ренџ Ровер Спорт и Ламбордџини Галардо, што беше купен за 268.872 долари. Во колекцијата влегуваат и три мотори Харли Дејвидсон.
Бекамови планираат да ја продадат и луксузната вила во лондонскиот крај Хертфоршир која британските медиуми ја нарекоа Бекигемска палата по примерот на Бакингемската палата, Се шпекулира дека чини околу 28,4 милиони евра. Се продава и вилата во Франција вредна околу 3,9 милиони долари.
Викторија и Бекам се селат во Лос Анџелес со синовите Бруклин, Ромео, Круз и ќерката Харпер.