Беквалац уапсена на Ибица
17.06.2014 08:11
| KumanovoNews
Познатата поп ѕвезда Наташа Беквалац во Ибица отпатувала за да сними кадрови за спот на нова песна, но доживеа непријатности.

За кадровите кои посакувала да ги има во новиот спот, пејачката од Нови Сад немала дозвола за снимање и била спречена од полицијата, но сега е пуштена на слобода.
Таа ја добила дозволата да снима спот на поедини локации, но ѝ се допаднал еден дел на Ибица, за кој немала дозвола и инсистирала таму да сними поедини кадрови. Само што снимањето на кадровите на недозволените локации било при крај, полицијата ја опколила целата екипа - раскажал за српски „Ало!“ извор кој се нашол на лице место.